Утре форумска сесија по проектот „Зајакнување на општинските совети“
18-06-2019 РЕГИОН

Утре во Кавадарци ќе се одржи форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ што општина Кавадарци го реализира со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Со фондот од 50 илјади швајцарски франци ќе се финансира  најмалку еден, а најмногу три проекти за интервенција во областа на социјална инклузија.

 

„ Општина Кавадарци секогаш е расположена за соработка за спроведување на проекти кои се од големо значење за нашето општество. Проектот “Зајакнување на општинските совети“ е поддржан од општината и од мене лично како градоначалник. Голема благодарност и до финансиерите на овој проект, Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП како реализатор на овој проект. Во оваа програма ќе бидат вклучени граѓани од различни професии и целни групи кои ќе учествуваат во создавањето на капацитетите на локалната заедница. Форумот има за цел да произведе место кое ќе биде рамноправно за сите. Преку форумот ќе се разгледуваат иницијативите кои ќе бидат поттикнати од граѓанските организации а со тоа ќе се одлучи кои проекти ќе се реализираат во град Кавадарци. Моите очекувања се дека на утрешната форумска сесија ќе имаме голем број на учесници и ќе се дискутираат реалните потреби на нашата општина“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната прес конференција со која се најави утрешниот форум.

 

А.Д



Додади коментар