Утре се одбележуваат 120 години од формирањето на првиот комитет на ТМОРО
14-07-2014 РЕГИОН

Пред 120 години на 15. Јули 1894 година Даме Груев во Кавадарци се среќава со своите школски другари од солунската машка гимназија , Иванче  Минчев, Јанаќи Илиев , Пане Иванов и Јованче Велков , одржуваат состанок и го формираат првиот Општински комитет на Тајната македоно-одринска револуционерна организација, веднаш по Солунскиот  со што Кавадарци  се здобива со приматот  бидејќи сите останати општински комитети се формираат подоцна.  Ова го потврдува и д-р Душан Христов Константинов кој во својата докторска дисертација  за животот и делото  на Даме Груве  под наслов „Груев“ го истакнува приматот што го има Кавадрци во споредба со другите градови – вели Петре Камчевски директор на Музеј Галеријата .

 

Во чест на овој голем јубилеј  утре во 11 часот ќе биде положено цвеќе на спомен плочата која сведочи за овој настан   во центарот на градот веднаш спроти ресторанот „Стар балкан„ Во 12 часот  е предвидено да се одржи свечена академија  на која за историските факти од овој настан  ќе говори ПетреКамчевски .   Пред 120 години гога Даме  се уверул дека има работа со одани и проверени луѓе отворено им се обраќа на  своите согопворници – Да не стоиме повеќе со скрстени раце и гледаме кко се коваат пранги за нас. За да не биде доцна, ние во Солун размисливме и формиравме  Организација чија основна цел е извојување на политичка слобода по пат на револуција“. Пред присутните членови Даме го извадил преписот од Уставот и побарал од приусутните да положат заклетва. Со тој чин и формално е е потврдено формирањето на Организацијата на ТМОРО во Кавадарци. На ова тма во рамките на свечената академија ќе биде изведена драматизација од страна на кавадаречките артисти со наслов „Заорок“.

Mирјана Мукаетова



Додади коментар