Утре Неготино без вода за пиење
28-10-2014 РЕГИОН

Како што информираат одговорните во локалната самоуправа и ЈП Комуналец од Неготино, утре во времето од 08,30 до 17,00 часот цел град ќе биде без вода за пиење.

 

Со цел за отстранување на настанатите дефекти, во текот на утрешниот ден стручни екипи ќе работат на терен и тоа на улиците Маршал Тито и Партизанска, па токму поради тоа од локалното комунално претпријатие ќе бидат принудени да ја сопрат водата која дотекува до водоводната мрежа, а сите домаќинства во Неготино во гореспоменатиот период ќе немаат вода за пиење.

 

По завршувањето на работите на терен кои ќе траат некаде до 17,00 часот, граѓаните на Неготино ќе имаат редовно водоснабдување.

М.А

Додади коментар