Утре кавадаречкиот совет ќе ја одржи 24-та седница
14-03-2023 РЕГИОН

Годишната сметка на буџетот на општина Кавадарци  и годишниот извештај за работење на општина Кавадарци во минатата година се дел од дневниот ред за 24-та редовна седница на советот на општина Кавадарци. Почетокот на седницата е закажан за во 12 часот.

 

Ќе се разгледуваат годишните завршни сметки на Јавните претпријатија, општинските образовни и културни институции. Пред советниците се и извештите за работењето на ЈП Комуналец и Локален вински музеј.

 

На програмата на КТВ ќе можете да следите директен пренос од седницата.

 

А.Д



Share

Додади коментар