Утре и во среда во Неготино ќе се изврши дератизација
09-07-2018 РЕГИОН

 

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, во вторник и среда на 10 и 11 јули на територијата на неготинска општина ќе се изврши дератизација.

 

Во акцијата ќе бидат вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје.

 

Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови.

 

Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Додади коментар