Утре втора форумска сесија
18-11-2014 РЕГИОН

Граѓаните кои учествуваа во првата форумска сесија од „Буџетскиот форум“ беа доста активни во давањето свои предлози околу креирањето на буџетот за следната година. Учестуваа повеќе работни групи од разни свери. Утре во хотел Фени се одржува втората форумска сесија на која на присутните ќе им биде претставен начинот на кој се собираат приходите во буџетот.

 

Градоначалникот на Кавадарци, Алексаднар Панов, првата сесија ја оцени за мошне успешна и е задоволен од одзивот на граѓаните.

 

Очекуваме предлози од граѓаните на утрешната сесија и за тоа како да се зголемат буџетските приходи, рече денеска во изјава за медиумите модераторот на форумот во заедницата, Елизабета Ѓорѓиевска.

А.Д

Додади коментар