Утре без вода селото Дуброво
15-04-2015 РЕГИОН

Поради интервенирање со изведување на градежни зафати на водоводната мрежа на потегот кај селото Дуброво од страна на стручни лица од општина Неготино и ЈП Комуналец, утре (четврток 16 април ) во периодот од 09 до 17 часот ќе има целосен прекин на водоснабдувањето во одделни населени места и стопански капацитети лоцирани во близина на местото каде што ќе се изведуваат работи. Така, во споменатиот временски период без вода за пиење ќе бидат жителите на селото Дуброво, а вода ќе нема ниту во Термоелектричната централа Неготино, Фабриката за кабли и трафостаницата.

 

Како што информираат одговорните, по завршувањето на работите на терен поради што мора да се сопре водата, ќе дојде до нормализирање на состојбите со водоснабдувањето во овој дел на општина Неготино.

Додади коментар