Три лица од Тиквешијата се позитивни на Ковид 19
26-06-2020 РЕГИОН

Две лица од Кавадарци и едно од Росоман се позитивни на Ковид 19 потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.

 

"Во Кавадарци позитивни се медицинска сестра на возраст од 57 години, која веќе била во изолација поради контакт со здравствен работник и 80 годишен кавадарчанец, кој исто така имал контакт со медицински лица поради здравствени проблеми. Во Росоман позитивниот е на 31 годишна возраст.  Сите се на домашно лекување со благи симптоми" информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски од ЦЈЗ Кавадарци.


Во Кавадарци во моментов активни се осум случаи на корона вирусот. 

 

A.Д

Додади коментар