Трет протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Кавадарци
07-03-2017 РЕГИОН

 Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ синоќа по трет пат одржа протестен марш во Кавадарци. Подржувачите на оваа граѓанска иницијатива тргнаа од храмот Света Петка, маршираа низ главните улици на градот и стигнаа до градскиот плоштад.

 

Од плоштадот беа повторни барањата на иницијативата „За заедничка Македонија“. Актерот Диме Коцев нагласи дека изборот бил еден, една химна, едно знаме, еден јазик, едно име за заедничка Македонија.

 

„Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на избори. Бараме од политичките партии, посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во собрание закон за двојазична Македонија, затоа што со тоа ќе биде воведено редефинирање на државата“ рече Коцев.

 

Протестен марш е закажан и за денеска, а синоќа на иницијативата „За заедничка Македонија“ се приклучија и дел од граѓаните на Неготино.

 

A.Д

Додади коментар