ТРАГЕДИЈА- Четворица пилоти загинаа, меѓу нив и кавадарчанецот Тоде Орешков
11-07-2014 РЕГИОН

Тоде Орешков роден 1970 година во Кавадарци , воздухопловен инспектор и пилот со искуство,  Драги Мицев од Струмица роден 1969 година, началник на хеликоптерската единица, Маријан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, капетан пилот  и Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола загинаа  во хеликоптерската несреќа што се случи синоќа околу 22 часот во близина на Струмица.

 

„Драги, Mарјан, Иљо и Тоде беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот песонал на МВР, беа искусни и зад себе имаа безборј часови лет во различни услови“, рече Јанкулоска и нагласи дека во текот на летот пилотите не се пожалиле на никакви проблеми со полицискиот хеликоптер. Сите четворица биле дел од хелкоптерската единица на МВР и досега учествувале во сложени операции.- рече Јанкуловска.

 

Кавадарчани се во шок по веста дека меѓу загинатите е и нивниот сограѓанин Тоде Орешков, воздухопловен инспектор и пилот со големо искуство. И тие синоќа го слушнаа звукот на хеликоптерот кој падна во Струмица и однесе во смрт четири врвни пилоти во МВР. Хеликоптерот само неколку минути пред несреќата го надлета и Кавадарци.

 

Тоде Орешков потекнува од скромно кавадаречко семејство. Татко е на две деца. Со сопругата Билјана, синот и ќерката од поодамна живеат во Скопје. Неговите познаници велат дека поради службата останал да живее во главниот град.

 

Во Кавадарци ги завршува основното и средно образование, а потоа продолжува да се школува за пилот во Сараево.

 

Тоде многу често слободното време го користел да го посети своето родно Кавадарци, да се сретне со мајка му и брат му, но секогаш имал време и за неговите пријатели и другари од детството. Тие го опишуваат како мирен, секогаш другарски расположен. Човек кој бил заљубен во својата професија.

Ангел Данов



Додади коментар