Тиквешки гроздобер 2018 - Вински карневал
10-09-2018 РЕГИОН

 

Со откинување на првиот грозд од градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и претседателот на Република Македонија започна винскиот карневал во рамки на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2018.

 

 

Потоа следеше традиционално газење на грозјето, а здравица за богат гроздобер кренаа кралот и кралицата на гроздоберот.

 

 

 

30 карневалски поставки и над 750 учесници беа дел од годинашниот вински карневал. Најголем дел од поставките беа со тема од гроздоберот. Ученици од кавадаречките училишта преку маска се осврнаа на традицијата на овој крај. И годинава карневалската процесија ја збогатија гостите од Птуј - Словенија, од Белград – Србија, Крушево и Струмица.

 

Атракција и годинава беа танчерките од Бразил со својот бразилски монсток.

 

 

 

 

Карневалот го проследија првиот човек на државата Иванов со сопругата, амбасадорот на ЕУ Самуил Жбогар, на Франција Тимоние, министерот за надворешни работи Никола Димитров, генералниот секретар на владата Рашковски и гости од збратимените градови на Кавадарци.

 

 

Пред стартот на карневалското дефиле градоначалникот Митко Јанчев имаше приредено свечен прием за сите гости кои дојдоа на гроздобер. Јанчев во обраќањето на приемот посака бериќетна година,  а истата порака беше и од шефот на државата Иванов.

 

Гроздоберот ќе кулминира вечерва со концертот на Цеца Ражњатовиќ за кога се очекува неколку илјадна публика.

 

A.Д

видео од винскиот карневал

 

 

Додади коментар