Технички проблем ја исклучил вчера струјата во Кавадарци
19-07-2013 РЕГИОН

Секундарен прекин на струјата, па делумно снабдување со само една фаза, па целосен прекин на електричната енергија. Тоа се случи вчера во Кавадарци во периодот по 15.30 часот и ги разлути граѓаните,  бидејќи таквите испади можат да направат големи штети на електричните уреди.

 За овој проблем побаравме објаснување од Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО. Од таму рекоа дека регистрирале само 11 минутна безнапоска состојба во Кавадарци, поради дефект кој  се појавил како технички проблем  на полна прекинувач. Тие дополнително ќе ги утврдувале причините за дефектот.

А.Д



Додади коментар