Струјата поскапува, останува ефтината тарифа

Повисоки сметки за 7,42% ќе плаќаат граѓаните по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за покачување на цената на струјата. Еден киловат ќе чини околу 5,9 денари во скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа.

 

-Неодамна сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, рече Бислимоски.

 

Тој додаде дека со ова поскапување граѓаните кои плаќале сметка од 1500 денари сега ќе плаќаат плус 100 денари.

 

 



Додади коментар