Ставена во функција фонтаната на градскиот плоштад во Кавадарци
04-09-2018 РЕГИОН

 

Општна Кавадарци по подолго време ја стави во функција и големата фонтана на градскиот плоштад. Со тоа трите фонтани на плоштадот работат , информираат од општина Кавадарци.

 

На големата фонтана која беше сериозно оштетена, се изведоа неколку зафати за нејзино санирање. Истата беше префарбана со сина боја, беа отстранети искршените подводни светилки, а во функција се ставиа и млазниците кои пумпаат вода во трите деловои од фонтаната.

 

Претходно општината превзеде мерки за оспособување и на двете мали кружни фонтани пред општинската зграда.

 



Додади коментар