Сообраќајна незгода на Мушов гроб

 

Синоќа околу 23.30 часот  на патот Кавадарци - Мушов Гроб се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Рено Лагуна“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од О.Д.(18) од Кавадарци и патнички автомобил марка „Ауди А4“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.М.(55) од Кавадарци.

 

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на „Ауди“-то и дете-сопатникот во „Рено“-то истите се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, каде по укажаната медицинска помош се задржани на лекување“ информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од кавадаречката полиција.

 

А.Д

 

Додади коментар