Сообраќајка кај „Југокомерц“, повредени две лица
04-02-2015 ЦРНА ХРОНИКА
Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп во близина на „Југокомерц“.
Според информациите од портапролот на СВР Велес, Анита Стојковска се сличил директен судир на две патнички моторни возила, „Пежо“ и „Мазда“ со кавадаречки регистарски ознаки. Возилата се движеле во спротивна насока, но од непознати причини едното возило преминало на спротивната страна и удрило во другото, рече Стојковска и додаде дека возачите и им се укажувала лекарска помош во кавадаречката болница.
До затворањето на вестите полицијата вршеше увид на местото на сообраќајката, а сообрќајот не беше во прекин.
А.Данов
Додади коментар