Сообраќајка кај Марена и разбојништво во Велес
13-03-2018 РЕГИОН

 

Од СВР Велес информираат дека вчера во 13.30 часот на патот Кавадарци-Неготино, на излез од с. Марена, се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Даеву матиз“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.И.(37) од Неготино, излегува надвор од патот. Со телесни повреди се здобил возачот на автомобилот и тринаестгодишниот сопатник од Неготино.

 

Исто така вчера, околу 18.00 ч. лицето В. П.(28) движејќи се од „Мало Мовче“ кон ул.„Петре Прличко“од зад грб и пришло непознато машко лице на околу 30 годишна возраст и ја потегнало за ташната која ја држела во левата рака, но, не успеал да и ја одземе и го одзел само мобилниот телефон од раката и со лактот од десната рака ја удрил по главата и избегал во правец кон Градскиот пазар.                                          

 

 

Додади коментар