Сите субвенции за лозарите за 2013 исплатени се заклучно со денешниот ден
14-02-2014 РЕГИОН

Заклучно со денес 14 ти февруари исплатени се сите субвенции за лозарите со оваа инфорамција денес започна празнувањето по повод заштитникот на лозарите Св.Трифун во општина Неготино.

Радосната вест на лозарите им ја соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски кој заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов според традицијата закроија за бериќетна и плодна година.Ставревски во изјава за медиумите информира колку субвенции се исплатени за лозарите и како се одвива исплатата на субвенции за останатите земјоделски гранки.

На плоштадот во Неготино поставени беа штандови за дегустација на вина, ракии и останати пијалоци од грозје.Општината обезбеди и скара за посетителите, а колкави количини на вино и храна им беа на располагање на посетителите на манифестацијата информира градоначалникот Ванчо Апостолов.

 

Во чест на Св Трифун организирана беше и богата културно уметничка манифестација. На плоштадот во Неготино настапи фолклорниот ансамбал, а за забавата се погрижи Благица Павловска.   

М.М

Додади коментар