Се санираат штетите од невремето во неготинско
18-06-2019 РЕГИОН

Општината Неготино во текот на вчерашниот ден и денеска активно е вклучена во санацијата на штетите по вчерашното невреме. Екипи од општината веднаш по невремето излегоа на терен и почнаа со расчистување на штетите на главните сообраќајници и собирни улици– информираат од прес службата на општина Неготино.

 

Стручните лица од локалната самоуправа на терен ги констатираа штетите од невремето и на лице место извршија проценка за тоа кои се приоритетите за интервенција. Општина Неготино реагираше соодветно во рамките на своите надлежности и можности, а механизацијата и комуналните служби вчера и денеска работеа и работат за санирање на штетите. Комуналните служби и механизација ангажирана од општината, веднаш по непогодата излегоа на терен и го расчистуваа хаосот.

 

Пред се, се дејствуваше на најпроблематичните места, главните сообраќајни артерии и собирните улици. Се расчистуваа скршените гранки и се одзатнуваа сливниците, се помагаше на граѓаните во санирање на состојбата, а со работна рака и механизација се интервенираше и во дел од населените места во неготинска општина.

 



Додади коментар