Се реновира тротоар на ул. „Страшо Пинџур“
02-07-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци започна реализација на нов комунален проект. Ангажираната оператива работи на расчистување на стариот тротоар на десната страна од улица „Страшо Пинџур“ во правец на Ваташа.


Во наредната фаза на овој потег ќе се постават нови рабници, нов тампон и павер елементи.
Со овој проект општината ќе создаде поголема безбедност за движење на пешаците како урбанизирање на просторот.

Додади коментар