Се реновира внатрешноста во судската зграда во Кавадарци
21-05-2020 РЕГИОН

Вработените во Основен суд Кавадарци самоиницијативно се организираа и започнаа активност за реновирање на внатрешноста на судската зграда – информираше денеска претседателот на судот д-р Лазар Нанев.

 

Се врши целосно реновирање на холовите во зградата, со молеро фарбарски работи, се поставуваат нови врати, а исто така се поставува и нова инсталација која ќе овозможи дигитализација во работењето на судот, со воведување на информатичката технологија во секоја канцеларија.

 

Од вторник во кавадаречкиот суд се започнува со редовни судења.

А.Д

 

Додади коментар