Се реконструира улица „Втора бригада“ во Кавадарци
22-05-2019 РЕГИОН

Оперативата на ангажираната фирма „Коле транс-инжинеринг“ од Штип работи на реализација на проектот за реконструкција на улицата „2ра Бригада“.


Според проектот на Општина Кавадарци на оваа улица предмет на реконстрикција се: нова подлога, рабници и поставување на 800м2 асфалт.


Деновиве се работи на поставување на нови рабници со кои ќе се формира контурата на улицата.
Претходно беше отстранета старата и дотраена асфалтна подлога како и рабниците.


Реконструкцијата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци

Додади коментар