Се работи на доизградба на колекторот во Кавадарци
04-12-2018 РЕГИОН

 

 

Изградбата на новите 330 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци, кој сега достигна до локацијата под објектот „Три багрема“ меѓу селата Глишиќ и Марена е веќе во поодмината фаза. -информираат од општината.

 

Во новата делница се вградени метал корогирани цевки со профил „Фи“ 1000, со што е зголемана пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

 

За оваа намена општината инвсетира 3,5 милиони денари, од кои 2,7 милиони се обезбедени од буџетот, а останатите 800.000 денари од Министерството за екологија.

 

 

Ова е 3 фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот достигна 2.270 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

 

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.

Додади коментар