Се пробива улицата 25 мај
15-03-2019 РЕГИОН

 

Согласно програмата за комунална изградба општината Кавадарци го реализира проектот за пробивање на сервисната улица 25 „Мај“ во правец на улицата „Рајко Жинзифов“.


Според проектот делницата од улицата во изградба е долга 120 метри. За оформување на оваа сервисна улица треба да се изври пробивање, а во фаза на изградба е потпорен ѕид кој ќе ги одреди контурите на еден дел од сообраќајницата.


После тампонирањето ќе следи асвалтирање на улицата која за жителите од овој дел на Кавадарци ќе обезбеди пократка комуникација паралена на улицата „Шишка“.

Додади коментар