Се обновуваат фонтаните пред општината
17-04-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци ги обновува фонтаните пред зградата на Локалната самоуправа.
Специјализираната фирма „Водена оаза“ од Скопје изврши целосна репарација на базените од постојните фонтаните. Во нив освен старите централни млазници, според проектот се поставуваат кружни фонтани со конструкција од инокс.

 

Секоја конструкција има повеќе млазници.
Водата во фонтаните ќе ја придвижуваат вкупно шест пумпи, по три во секоја фонтани. Нивната сила од водата ќе создава најразлични форми.

 


Навечер фонтаните ќе бидат осветлени со подводни рефлектори водата поставени на кружните конструкции.
Општината со овој проект ќе му даде дополнителна вредност на реконструираниот градски полштад.

Додади коментар