Се намалува бројот на нови заболени од грип
25-02-2014 РЕГИОН

Се стабилизира состојбата со грипот во Кавадарци, град каде имаше оваа сезона најголем број на заболени. Последните податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат  значително намалување на бројот на нови  заболени. За разлика од пред две недели кога имаше 480 нови случаи, последната недела се евидентираат само 280 нови заболени.

„Оваа сезона во Кавадарци е регистриран најголем број на болни од грип во земјава. Со грипозните од последната недела вкупниот број достигна 2735 лица. Најмногу на удар беше популацијата на возраст од 15 до 64 години, потоа младите од 5 до 14 години, а најмалку болни се евидентирани кај постарите од 65 години“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Лекарите се надеваат дека со покачувањето на температурата и во наредниот период ќе продолжи да опаѓа бројот на нови заболени од грип. А.Д

Додади коментар