Се зголемува бројот на возила кои минуваат на патарините
23-07-2013 РЕГИОН

135.400 возила повеќе поминале низ патарината Сопот кај Велес за првата половина од оваа година споредено со првите шест месеци лани, дознаваме од Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија. Што се однесува за патарината кај Градско која исто така е интересна за нашиот регион, таму за изминатите шест месеци поминале 112.800 воизла повеќе компарирано со тиот период лани.

Иста е ситуацијата и на останатите  8 патарини во земјава,  а вкупната бројка на зголемување на возилата кои помиунале низ сите патарини изнесува околу два милиони. 

Од јавното претпријатие за државни патишта кажуваат дека од почетокот на годината до крајот на јуни годинава низ патарините поминале 13 милиони и 308 илјади возила. За истиот период минатата година биле регистрирани 11 милиони и 200 илјади возила.

С.Д



Додади коментар