Се гради нова и се реконструираат старите фонтани во Кавадарци
29-06-2020 РЕГИОН

Започна со реализација проектот за реконструкција на фонтани во Кавадарци, информираат од локалната самоуправа.

 

Веќе се реконструира фонтаната во Паркот на револуцијата а во исто време се врши и реконструкција на фонтаната во Градски парк.

 

Овој проект опфаќа и изградба на уште една нова фонтана која ќе биде лоцирана на новиот кружен тек на булевар Никола Минчев. Овој проект се очекува да биде целосно реализиран во месец јули и е со финансиска вредност од 2 858 000 денари.

Додади коментар