Се градат тротоари на улиците „41 Дивизија“ и „Кузман Јосифовски- Питу“
01-07-2019 РЕГИОН

Оперативата на ангажираната фирма „АС-Машини“ деновиве работи на изградба на тротоари на улиците „41 Дивизија“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.


Според проектот на површина од 500 метри квадратни се посатвуваат бехатон коцки. Претходно на оваа површина беше отстранета вегетацијата, се поставија рабници за оформување на тротоарите и тампон како подлога за павер елементите.


Со реализацијата на овој проект Општината во овој дел на градот реализира уште еден комунален проект на барање на граѓаните. Тие сега ќе имаат повеќе урбанизира и уреден простор, како и зголемена безбедност при движењето на пешаците.

Додади коментар