Се градат потпорни ѕидови и улици
18-02-2015 РЕГИОН

Временските услови во прилог на комуналната изградба во Кавадарци. Градежните компании кои ги добија тендерите работат на повеќе позиции  покрај во градот и во селските месни заедници. Во селото Марена, се започна со изградбна на потпорен ѕид, а во истовреме се работи и на изградба на улици. Денеска во посета на селото беше и градоначалникот Александар Панов кој информираше за активностите од комуналната изградба.

 

Во Марена е завршена првата фаза од изградбата на потпрен ѕид. Ќе се доизградат уште 20 м во втората фаза, а вкупната инвестиција општината за овој потпорен ѕид ја чини 600.000 денари. Во  Марена за поплочување на три  улици ќе бидат потрошени исто 600.000 денари.

Се поплочуваат три  улици и во с. Возарци, од кои една е завршена се работи на другите две. За оваа активност општината ќе потроши вкупно 900.000ден.

 

Петстотини илјади денари ќе бидат потрошени за поплочување на тротоари во селото Сопот. Таму градежните активности се во почетна фаза.  Вкупно за улици и тротоари во овие села инвестирани  2.000.000 ден, информираше градоначалникот Панов.

Покрај потпорниот ѕид во Марена  се градат потпорни ѕидови и на ул „Брушанска“ и ул „Коле Неделковски“ во Кавадарци, а во наредниот период ќе бидат изградени и потпорни ѕидови на ул „Витачево“  и  ул „Ѓуро Ѓаковиќ“.     Вкупнио за потпорни ѕидови ќе бидат потрошени                                                              1.400.000 ден, рече Панов и нагласи вкупно за моменталните активности од комунална изградба општината че потроши околу 3,5 милиони денари.

Ангел Данов

Додади коментар