Се асфалтират две улици во центарот на Велес
24-06-2015 РЕГИОН

ГОЛЕМИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС. ЗАТВОРЕНИ ДВЕ УЛИЦИ. МЕХАНИЗАЦИЈАТА НА ТЕРЕНОТ РАБОТИ СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО. СЕ ПОСТАВУВА НОВ АСФАЛТ. СПОРЕД НАДЛЕЖНИТЕ НА ОВОЈ НАЧИН ЌЕ СЕ ПОДОБРИ КВАЛИТЕТОТ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ГРАДОТ. ОЧЕКУВАЊАТА СЕ ДЕКА КОМПЛЕТНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЌЕ ЗАВРШАТ ЗА ТРИ ДО ЧЕТИРИ ДЕНА.

 

ПОРАДИ ЗАТВОРАЊЕТО НА ДВЕТЕ УЛИЦИ ,СООБРСАЌАЈОТ Е ПРЕНАСОЧЕН. ПО 8-МИ СЕПТЕМВРИ ОД САРМААЛЕ ДО КРУЖНИОТ ТЕК СЕ ВОЗИ ВО ДВЕТЕ НАСОКИ. ОВОЈ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ЌЕ БИДЕ САМО ДЕНЕСКА ОД УШТЕ ЌЕ СЛЕДУВА НОРМАЛИЗАЦИЈА.

ОТКАКО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРААТ УЧИЦИТЕ ,НАДЛЕЖНИТЕ ЌЕ ПОСТАВАТ МЕТАЛНИ „П“ ЕЛЕМЕНТИ И НА ТРОТОАРИТЕ. СО ТОА ЌЕ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ПАРКИРАЊЕТО И СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ НА ТОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ.

ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ ОПШТИНАТА ЈА ЧИНАТ 3,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ОСВЕН ОВДЕ СЕ РАБОТИ И ВО БЛИЗИНА НА БАШИНО СЕЛО ,А НАСКОРО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ АВОНА. ЗА СИТЕ ЗАФАТИ ВКУПНО НАДЛЕЖНИТЕ ЌЕ ПОДРОШАТ НАД ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ.

 З.Ј

 



Додади коментар