Се асфалтираат улици во Паликура и Крушевица
17-10-2013 РЕГИОН

Нов асфалт денеска добија улици од селата Паликура и Крушевица. Завршуваат планираните активности за во овој тендер на комунална изградба и асфалтирање. Секоја година од буџетот Општина Росоман за оваа намена одвојува по околу 7 милиони денари.

 

Интензивна комунална изградба ќе има и следната година, но во останатите села бидејќи општина Росоман речиси целосно го реализира планот за асфалтирање,  вели за КТВ градоначалникот Стојанче Лазов кој и денес будно ги следеше работите на градежната компанија која асфалтираше во село Паликура.

 

M.M

Додади коментар