Се асвалтира дел од ул„Партизанска“ во Кавадарци
23-12-2015 РЕГИОН

Денеска оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асвалтирање на дел од улицата „Партизанска“. Станува збор за зафат од програмата за комунална изградба на општината Кавадарци,  со кој се постави нов слој на асвалт на делот од улицата кој беше многу оштетен.

 

            За оваа намена општината инвестира 862.000 денари пари од Буџетот со кои се финансира поставување на нов асвалт на површина од 1050м2 односно во должина од 200 метри и дебелина од 5 сантиметри.

Третман на работа беше потегот на улицата од триаголникот кај паркот Полана до спојо со улицата „Мирче Ацев“. Со овој зафат се комплетира реновирањето на улиците во овој дел од кавадарци, бидејќи претходно се постави нов асвалт на комплексот улици „Охридска“ и на улицата „Мирче Ацев“ во Урбаната заедница „Кула“ - информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

Додади коментар