Сеуште се утврдува локацијата за регионална депонија во Вардарски регион
15-02-2014 РЕГИОН

СО ЕВРОПСКИ ПАРИ ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЌЕ ГРАДИ РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА.. ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ПРЕКУ ТРЕТАТА КОМПОНЕНТА ИПА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА.. ОПШТИНИТЕ КОИ ЧЛЕНУВААТ ВО ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН, НЕОДАМНА ФОРМИРАА ТЕЛО КОЕ ТРЕБА ДА ИЗРАБОТИ РЕГИОНАЛЕН ПЛАН.. СО НЕГО ЌЕ СЕ УТВРДУВА ТОЧНАТА ЛОКАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА.. ОВОЈ ПРОЦЕС СЕ ВОДИ ВО СОРАБОТКА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА.. СЕПАК НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА ЌЕ ИМА ВО НЕКОЈ ОД ОПШТИНИТЕ КОИ ЧЛЕНУВААТ ВО ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН..

 

УШТЕ ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, БЕШЕ УТВРДЕНО ДЕКА НАЈПОГОДНО МЕСТО ЗА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА Е ОПШТИНАТА РОСОМАН.. ТОГАШ АВСТРИСКА КОМПАНИЈА НАПРАВИ ЦЕЛОСНО ИСПИТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ..

 

ИНАКУ НЕОДАМНА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ АЛЕКСАНДАР КОЛЕВ ИЗЈАВИ ДЕКА НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛНИОТ ОТПАД Е ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА..

 

СПОРЕД СТУДИЈАТА ИЗРАБОТЕНА ОД АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА, АКО РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА СЕ ГРАДИ ВО РОСОМАН, ТАМУ ГОДИШНО Е ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ СОБИРА 40 ИЛЈАДИ ТОНИ СМЕТ.. ПРЕДВИДЕНО Е ДА СЕ ПРОСТИРА НА ПОВРШИНА ОД 20 ХЕКТАРИ.. ЗА НЕЈЗИНА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА..

 Зоран Јаневски

Додади коментар