Сеуште е неизвесно колкав род планираат да купат македонските винарии ниту по која цена
19-07-2019 РЕГИОН

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од поодамна е во контакт со лозарите и речиси во континуитет е во комуникација со Здружението на лозарите, а на винариите им е пратено циркуларно писмо за да видиме какви се нивните планови за откуп и преработка на грозје за годинава и колкава ќе биде бербата, информира денеска ресорниот министер Трајан Димковски, одговарајќи на нашето прашање околу претстојната берба на винско грозје и активностите кои се превземаат во таа насока.

 

-Досега се одржаа неколку состаноци, во понеделник ќе имаме нов. Ја следиме состојбата и според најавите некои од винарските визби планираат помалку да откупат, но не би одел со заклучоци додека не ги собереме целосните резутати. Веќе разговаравме и за можни активности што би ги презело Министерството доколку се дојде до заклучок за вкупниот план за откуп на грозјето од винарииите, а тоа ќе го имаме за недела до две, по што би тргнале со некои наши активности за да видиме доколку може да се пласира во соседството, рече Димковски.

 

Тој посочи дека засега се очекува добра берба и добар принос на грозјето.

A.Д

 

 

Додади коментар