СДСМ: Оваа влада нема да дозволи да пропадне ни килограм грозје - ВМРО-ДПМНЕ со паушални обвинувања

 

 

Продолжуваат преписките и обвинувањата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

“ВМРО- ДПМНЕ се служи единствено со паушални обвинувања, за нивно политичко профитирање. Додека цел свет ја поздравува работата на Владата предводена од СДСМ, опозициската ВМРО- ДПМНЕ со лаги и манипулации, сака да ја искриве убавата слика за Република Македонија - се огласија со реакција од ОО на СДСМ по писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Во соопштението на СДСМ се вели:

Резултатите се очигледни. Нив ги гледа цел свет, единствено ВМРО- ДПМНЕ не може истите да ги види. Со овој договор граѓаните на Република Македонија добиваат европска иднина. Со договорот не се распродаваат македонските национални интереси како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку истите се целосно заштитени. Нашиот јазик останува да биде македонски, а државјанството македонско. Со ова целосно е заштитен нашиот идентитет.

 

Единствената причина поради која ВМРО- ДПМНЕ е против овој договор, е бидејќи за десет години преговори, не успеаа во испреговараат македонски јазик и државјанство. Ова го има на неколку пати во телевизиски настапи кажано нивниот претходен претседател Никола Груевски.

 

Кавадарчани многу добро се сеќаваат какви беа откупните години во минатото. Кавадарчани многу добро се сеќаваат како во минатото винарските визби им го земаа грозјето за џабе. Кавадарчани исто така паметат со какви проблеми се соочуваа во минатото во однос на откупот на нивното грозје. И тоа не ви го забораваат.

 

Новата Влада на СДСМ нема да дозволи ниту еден килограм грозје да скапува на лозјата. Превземавме обврска за спроведување на интервентен откуп доколку постои вишок на грозје. Тоа ќе го исполниме. На лозарите откупот ќе им биде гарантиран! - стои во соопштението од ОО на СДСМ Кавадарци.

Додади коментар