СДСМ: Граѓаните знаат дека со СДСМ државата оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ се враќа назад
22-06-2020 РЕГИОН

На само два дена пред почетокот на изборната кампања сосема сигурно е дека граѓаните прават јасна разлика меѓу концептите на коалицијата Можеме предводена од СДСМ и режимската, деструктивна понуда на ВМРО-ДПМНЕ- рекоа меѓу другото на денешната прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци. 

 

(интегрален текст) Граѓаните многу добро знаат дека со СДСМ со во сигурни раце.

Дека со СДСМ иднината е обезбедена.

Покажавме дека не бегаме од одговорност и носење на тешки, но исправни одлуки, дека не бегаме од проблемите, ниту ги злоупотребуваме во дневно партиски калкулации, туку се соочуваме со нив и ги решаваме во интерес на државата и граѓаните.

Имаме визија за тоа каде сакаме да биде Република Северна Македонија во 2024 година.

Етаблирана членка на НАТО, држава со отворени поглавја за влез во ЕУ и земја во која младите ја гледаат својата шанса.

Од другата страна се Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, без став за ниедно стратешко прашање, заробени во режимската матрица на деструкција, лажни вести и популизам.

Нивното деструктивно, антинародно и антидржавно однесување не само што не престана во време на најголемата и најсериозна пандемија туку засилено продолжи на штета на државата и здравјето на граѓаните.

Со СДСМ, државата оди напред.

Со ВМРО-ДПМНЕ се враќаме назад во мрачното минато на режимот.

На 15 јули граѓаните ќе имаат едноставен избор.

Да гледаат кон сопствената и иднината на младите или да се вратат назад кон минатото.

Повторно да ја дадат довербата на опцијата која за само 3 години реши децениски проблеми, или да ги вратат оние кои 11 години ја држеа во заложништво целата држава.

На 15 јули граѓаните ќе избираат меѓу прогресивни сили и ретроградните остатоци на режимот.

Затоа на 15 јули изборот е едноставен.

Граѓаните ќе изберат светла иднина и нема да дозволат враќање на мрачното минато со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

 

 

 

 



Додади коментар