СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат се обидоа да манипулират со уплатница од денешен датум
19-09-2017 РЕГИОН

 

Почитувани сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат се обидоа денес да ги изманипулираат граѓаните на Кавадарци, но сами се фатија во нивната лага.

 

Веднаш по нашиот прес, каде објавивме дека кандидатот на Груевски и ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, добивал милионски субвенции за државно земјоделско земјиште, а нема платено закупнина за истото, луѓе на Јанчев отишле во банка со цел да извршат уплата и да го прикријат случајот на корупција.

 

На уплатницата кои самите ја објавија јасно се гледа датумот на уплата, а тоа е денешниот датум 19.09.2017. - се вели во реакцијата на ОО на СДСМ Кавадарци



Додади коментар