СДСМ: Бројките на нови заболени се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на Чулев и Мицкоски
04-06-2020 РЕГИОН

ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму со незрело, деструктивно однесување, онака како што се однесува за целиот период на оваа здравствена криза - oдговорија денеска од ОО на СДСМ Кавадарци на вчерашните обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

(интегрален текст) Ним очигледно не им е важно важно здравјето на граѓаните, туку единствено партиското профитерство.

Со крајно незрелото, несериозно и неодговорно однесување во изминатиов период, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот техничкиот министер за внатрешни работи во Владата Наќе Чулев сериозно го подрива и нарушува јавното здравје.

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски.

Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев се занимаваше со снимање на пропагандни спотови.

Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги санкционира оние кои ги прекршуваат забраните.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се санкционираат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Наќе Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на истите.

ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток, ќе бидат обележани и како партија која направи здравствен пуч.

Со оваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот технички министер Наќе Чулев, директно го загрозуват јавното здравје и го донесува животот на граѓаните во опасност.

Додади коментар