СВР Велес: „Внимателно за празниците“
28-12-2015 РЕГИОН

Секторот за внатрешни работи Велес на сите граѓани им посакува среќни Новогодишни и Божиќни празници.

 

Апелираме до граѓаните за зголемена внимателност и претпазливост при учество во сообраќајот, особено при управување на моторните возила , почитување на законската регулатива, како и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација .

 

Упатуваме апел до најмладите, да се воздржат од употреба на пиротехнички средства за претстојните празници, пред се поради опасноста од предизвикување штетни последици , односно настанување физички повреди или оштетување на слухот, но и заради одржување стабилен јавен ред и мир на сите граѓани - се вели во известувањето од СВР Велес.

Додади коментар