Реконструкција на улицата „Браќа Миладинови“
10-06-2020 РЕГИОН
Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на комуналниот проект за обновување на асвалтната подлога на дел од улицата „Браќа Миладинови“ - информираат од локалната самоуправа.
 
Денеска се изведуваа завршните работи од подготовката пред поставување на новиот асвалт. Претходно беше извршено гребењ на стариот и оштетен асвалт.
 
Со овој проект општината ќе обнови коловозна површина од 1.250м2, на делницата од спојот со улицата „Киро Крстев“ до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“.
 


Додади коментар