Ребалансот на општинскиот буџет утре на седница на кавадаречкиот совет
13-11-2018 РЕГИОН

 

Ребалансот на буџетот на општина Кавадарци и одлуката за распределба на средства за привремени вработувања се дел од точките на дневен ред на 18-тата редовна седница на кавадаречкиот совет.

 

Советот ќе одлучува иза распределба на средства за набавка на нафтени деривати, а ќе се разгледува ифизибилити студијата за финансиска и правна рамка за вршење на дејноста зонско паркирање од страна на јавното претпријатие „Паркинг Кавадарци. На дневен ред се и одлуките за измена и дополнување на одлуката за јавните паркиралишта и за определување зонско паркирање. Ќе се утврдува и тарифа на цени по зони за зонското паркирање.

 

Советот ќе ја разгледува и ќе одлучува по измените и дополнувањата на пргорамата за развој на општината.


А.Д

Додади коментар