Реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци на соопштението од СДСМ
17-06-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ)

Зоран Заев, Никола Димитров и СДСМ го потпишаа најсрамниот и капитулантски договор за Република Македонија и македонскиот народ.

Зоран Заев и СДСМ се откажаа од името, од нацијата, од идентитетот, и македонското малцинство без око да им трепне.

Патлиџан дипломатијана Заев и Димитров ги обесчести и ги покори Република Македонија и македонскиот народ.

Во срамниот и капитулантски договор на СДСМ и Заев никаде не стои името на нашата земја Република Македонија. Никаде во договорот не стои дека се потпишува во името на државата Република Македонија, ниту пак во името на граѓаните на Република Македонија или пак дека некој се овластува во името на Владата на Република Македонија да се потпише ваков договор или спогодба односно самиот збор Република Македонија го нема никаде во овој договор.

Заев е човек кој нема црвени линии. Заев е виновен за сите понижувања.

Граѓаните и Македонија немаат никаква европска иднина со Заев и СДСМ. Две години подоцна Република Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Граѓаните се свесни за понижувањето и недржавничкото однесување на Зоран Заев и за тоа ќе го казни на 15 јули.

Оваа криминална банда на СДСМ на чело со Заев мора да падне.

Граѓаните ќе ја одберат обновата со ВМРО-ДПМНЕ, наместо измами, криминал, понижувања, закани, уцени и распродажба на националните интереси на СДСМ и Заев.

Граѓаните и Македонија не забораваат. Македонија ќе победи.

Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Доста е.



Додади коментар