Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Многу проблеми и дисфункционален здравствен систем
18-12-2019 РЕГИОН
На вчерашната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци за состојбите во здравство и инвестициите во кавадаречката болница, денеска реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
 
(интегрален текст)      Рекетот, корупцијата хаосот и неспособноста во владеењето на оваа влада во целост се рефлектираат и во здравството. Поништени милионски тендери, стопирани и нереализирани проекти, сомнителни зделки и неисполнети ветувања се само дел од проблемите кои го прават  здравствениот систем дисфункционален.
 
Платата од сто илјади денари за лекари специјалисти, бесплатното болничко лекување за сите осигуреници во Република Македонија и укинување на партиципацијата, понижувачко покачување на партиципацијата на приватните стоматолози, како и капитацијата на општи матични лекари за само осум денари а ветени триесет и пет денари се само дел од лажните ветувања кои му беа ветени на граѓаните пред да дојде СДСМ на власт. Ветениот а нереализиран проект за компјутерски томограф во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Кавадарци е дел од сивилото кое го зафати целото здравство во Македонија. 
 
 
Апаратот за горна и долна дигестивна ендоскопија беше дониран од најголемата општествена одговорна компанија Дрекслермајер донесена во времето на ВМРО ДПМНЕ во соработка со тогашната локална самоуправа и претходниот менаџмент во болницата. Набавениот дигитален мамограф е исто така набавен од претходната влада.
 
 
За секојдневните атаци и притисоци на работните места со преместување од едно на друго работно место во сите здравствени институции оставаме јавноста сама да процени.
 
 
 ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Република Македонија ќе се труди да работата на здравствените работници не биде предмет во политички тргување во борбата за освојување на гласови, токму од оние кои треба секојдневно да се лекуваат.
Граѓаните на Кавадарци овие маркетиншки трикови од страна на функционерите на СДСМ ќе ги гледат до дванесетти април, а потоа доаѓа обнова на Македонија со вистинска грижа за сите граѓани на Република Македонија.

Додади коментар