Прочистувачи на воздух следната недела ќе се монтираат во градинката „Рада Поцева“
10-01-2018 РЕГИОН

Наредната недела, односно во среда, ќе се монтираат 33 прочистувачи на воздух во сите занимални на детската градинка “Рада Поцева“ во Кавадарци. Ова е само мал дел од проектот на Градоначалникот Митко Јанчев “За чисто Кавадарци“. Овие прочистувачи се донација од компанијата “Екотип“ од Скопје од брендот “Блу ер“, а инвестицијата изнесува 10.000 евра.

 

Проектот “За чисто Кавадарци“ започна преку проектот “Мој општинар“ со чистење на сите помали и поголеми диви депонии во Општина Кавадарци. Овие прочистувачи се втора мерка од овој проект а во иднина следуваат уште акции преку кои ќе се залагаме за почисто Кавадарци,- се вели во информацијата од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Додади коментар