Прочистувачи на воздух во сите клонови на градинката „Рада Поцева“
25-12-2017 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци м-р Митко Јанчев најавува проект за справување со проблемите предизвикани од зголеменото загадување на воздухот со ПМ 10 честичките.

 

Како што информираат од прес службата на општина Кавадарци се очекува по новогодишните празници во сите објекти на детската градинка „Рада Поцева“ да бидат поставени прочистувачи на воздухот.

 

Како што дознаваме, се работи за донација од компанијата „Екотип“ од Скопје вредна околу 10 илјади евра, обезбедена од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 

А.Д

 

 

Додади коментар