Протест на лозари пред „Повардарие“
24-02-2014 РЕГИОН

Дваесетина лозари од Неготино кои грозјето од ланската реколта го продале на винаријата „Повардарие“ денеска  излегоа на протест. Бараат од раководството на винаријата да ја забрза динамиката на исплата. Многумина кои беа на протестот имаат предадено големи количини на грозје, а немаат земено ниту денар. Побараа помош и од Министерството за земјоделство.    Раководството на „Повардарие“ вели дека рокот за исплата на грозјето од ланската реколта не е поминат и не гледаат причина за лозарски протести.

Лозарите пак, кои протестираа го поставуваа истото прашање, како да живеат кога неможат да си ги наплатат парите за трудот и маката, кај најголем дел од нив  единствен извор на приход биле парите од грозјето.

На лозарите поддршка им даде и лидерот на Агротиквешија Љупчо Аризанов кој посочи дека е забавена динамиката на исплата во неготинскиот винарски подрум. Нагласи дека иако лозарите добиле ветување за белото грозје, смедервката ќе се плаќа во рок од 30 дена по откупот, сепак пари  сеуште нема.

- Знаеме дека рокот за исплата е 30 април,  но смедеревката беше многу барана и склучуваа визбите договори дека ќе се плаќаат во рок од 30 дена. Визбите треба да си стојат на договорот за да можат лозарите да опстанат. На лозарите им се потребни пари за да можат повторно да работат на лозовите насади, рече Аризанов.

А.Д

Додади коментар