Продолжува доизградбата на цевководот до индустриска зона
02-06-2015 РЕГИОН

Квалитетно и редовно водоснабдување во Кавадарци ќе има и ова лето, најавуват од ЈП Комуналец Кавадарци. По внатрешниот ремонт на филтрите на Лукар и проектот за замена на азбестно цементните цевки кавадаречки Комуналец  работи и на изградба на цевководот во индустриската зона, кој патем ќе биде и транзит за водата до Росоман, а ќе овозможи и задоволување на потребите за вода во индустриската зона.

„Друг поголем проект е реконструкцијата  на росоманската линија. Работиме на цевководот Фи 250. Преткот е вреден околу 20 милиони денари. Се надеваме дека ќе имаме поквалитетно водоснабдување на индустриската зоина. Линијата ќе биде транзит за Росоман. Завршува до фабриката Дрекслмаер, а доизградбата на линијата  до Росоман е надлежност на општина Росоман. На оваа линија ќе имаме мерна регулациона  шахта каде согласно взаемниот дооговор со Росоман  треба да испорачаме околу 20л/сек вода. Тоа ќе се случи  наскоро кога  ќе го пуштиме заедничкиот водовод  кој е изграден во соработка помеѓу Кавадарци,  Росоман и владата“ информира директорот на ЈП Комуналец, Илија Атансов.

Направен е целосен  ремонтот на внатгрешниот дел од филтрите на Стара Река. Извршено е пескарење фарбање, замена на кварцен песок и дизните. За овој зафат комуналното претпријатие потрошило  околу 7 милиони денари.

„Годинава очекуваме со уште три милиони денари да завшриме комплетно надворешно пескарење на филтрите“ рече  Атанасов.

Ангел Данов

Додади коментар