Продолжена вонредната состојба за нови 14 дена

„Сакам да им се заблагодарам на граѓаните, на мнозинството од нив, што 3 месеци останаа дисциплинирани, но да не се опуштаме и да останеме совесни и одговорни до крајот на битката – рече претеседателот Стево Пендаровски.

 

Тој денеска по седницата на Советот за безбедност информираше дека   донел одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Тој истакна дека целта на оваа одлука е да и се овозможи на владата да се справува со здравствената и економската ситуација и нема врска со одржувањето на парламентарните избори.

 

Тој упати порака до владата негативните трендови во некои општини да не бидат повод да се враќање на мерките на цела територија. Воедно, тој побара да се санкционираат сите граѓани што не ги почитуваат мерките.

Додади коментар