Приказна под отворено небо: ЦЕЦА на Тиквешки гроздобер 2018
09-08-2018 РЕГИОН

 

 

Балканската мега ѕвезда Цеца Ражњатовиќ ќе биде главна ѕвезда на годинашново издание на манифестацијата Тиквешки гроздобер. Организаторот, општина Кавадарци денеска ја објави официјалната програма. Манифестацијата која годинава ќе се реализира под мотото „Приказна под отоврено небо“ изобилува со многу содржини, некои и за прв пат се дел од гроздоберот.

 

Тиквешкиот гроздобер започнува на седми септември. Во 10 часот ќе биде отворен меморијалниот турнир „сестри Китеви“, по што ќе следува промоција на збирка од вински мисли „Буке“ од Душан Стефанов.

 

Предвидено е натпреварување во подготовка на коктели од вино и трка на келнери. Ќе има презентации и дегустации на вина, староградска музика и скара.

 

На првиот ден од гроздоберот, кога е и ослободувањето на Кавадарци, по свечената седница настап на градскиот плоштад ќе имаат SAF Sound system(DJ Гоце &Пикисипи) и DJ George , по што ќе следи настапот на СЛАТКАРИСТИКА и КРИСКО.

 

Вториот ден од манифестацијата ќе започне со изложба на олд тајмери, стит баскет, цртање на графити. Потоа е предвидено мото рели на улица Илинденска, ќе се одржи традиционалната таблијада, а ќе продефилираат низ центарот велосипедисти.

 

Целовечерен концерт ќе одржат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, „Љубојна“, „Некс тајм“ и оркестарот на Џамбо Агушев.

 

Недела е последниот трет ден од приказната под отворено небо. Ќе започне со детска програма на градскиот плоштад. Ќе има откинување на прв грозд, по што на пладне ќе започне големото карневалско дефиле.

 

Гроздоберот ќе заврши со концерт на мега турбо фолк ѕвездата Цеца.                                    А.Д

 

 

ПЕТОК 07.09.2018 (ПРВ ДЕН)

10:00h Меморијален турнир “Сестри Китеви”- С.Ц. Јасмин

12:00hПромоција на Збирка од вински мисли “Буке“ од Душан Стефанов и Винотека

             Свечено отварање на Тиквешки Гроздобер 2018 година “Приказна под отворено небо“-    

             Дом на култура

13:00h Натпревар на Коктели од вино - ул. Илинденска

14:30h Трка на келнери- ул. Илинденска

12:00h - 15:00hПрезентација и дегустација на вина, уметничка работилница - Градски плоштад

15:00h - 19:00hСтароградска музика и скара –Полицајско паркче

17:00h Ревијален ракометен натпревар ГРК ТИКВЕШ 2014 – ВЕТЕРАНИ НА Ракометната репрезентација на Македонија - С.Ц. Јасмин

18:00h - 19:30h Свечена седница за Денот на Општина Кавадарци- Дом на култура

19:30h SAF Sound system(DJ Гоце &Пикисипи) и DJ George - Градски плоштад

22:15h СЛАТКАРИСТИКАи КРИСКО - Градски плоштад

 

САБОТА 08.09.2018 (ВТОР ДЕН)

11:00h ИзложбанаOld timer возила- Градски плоштад

12:00h Street basket турнир со музичка програма

               Цртање на графити - Паркинг С.Ц. Јасмин

12:30h Моторели- ул.Илинденска

12:00h - 15:00hТрадиционална Таблијада – Полицајско паркче

13:30h ВелосипедистисоТиквешкиточкаџии- ул.Илинденска

15:00h - 19:00hСтароградска музика и скара –Полицајско паркче

19:30h Фолклорен ансамбал “Тиквеш”- Градски плоштад

20:30h ЉУБОЈНА, NЕXT TIME и Џамбо Агушевиоркестар- Градски плоштад

00:00h DJ SANDY RIVERA и DJ Mossel - Костурница

 

НЕДЕЛА 09.09.2018(ТРЕТ ДЕН)

11:00h Детскапрограма- Градски плоштад

12:45h Традиционалнабербанагрозје- Откинување на првиот грозд - Градски плоштад

13:00h ГолемоКарневалскодефиле низ улиците на Кавадарци доГрадски плоштад

15:00h - 19:00hСтароградска музика и скара Полицајско паркче

20:30h Happy end бенд- Градски плоштад

22:00h ЦЕЦА – Градски плоштад

 

 

Додади коментар